На платото пред градското собрание во Ниш на 9 август се одржа уште еден низа протести против отворањето на рудник за литиум во Србија и компанијата „Рио Тинто“.
Голем број граѓани на Ниш и околните градови на југозападот на Србија се собраа на платото, со транспаренти на кои пишуваше „Секој од нас само го брани нашиот праг“, „Ископувањето на литиум е смртна казна за западна Србија“, „Не ни треба кинта од Рио Тинто“.
Меѓу другите, пред присутните се обрати Данијел Дашиќ од Националната коалиција за децентрализација, кој рече дека по спроведувањето на проектот „Јадар“ во Србија ќе останат 84 милиони тони јаловина, која природата нема да може да ја разложи во следните 500 до 1000 години.
„Во Србија, во тој случај, при третман на јадарит со разни киселини неделно би се испуштале околу 110 тони сулфурна киселина“, изјави Дашиќ.
Заедничката порака на сите говорници е дека Србија нема да дозволи ископ на литиум и ќе се бори за мораториум на сите нови ископувања во Србија и за проширување на постојните.
Видете и ова: Полицијата ги предупреди граѓаните пред протестот во Белград против ископ на литиумСо недели во градовите низ Србија се одржуваат протести против ископувањето литиум. Новиот бран протести доаѓа по одлуката на Владата на Србија на 16 јули да продолжи со проектот за изградба на рудник за литиум во долината Јадра, бидејќи претходно го стопираше во 2022 година.
На ова му претходеше одлуката на Уставниот суд на Србија, кој ја прогласи за неуставна одлуката на Владата на Србија да го стопира проектот Рио Тинто, вреден 2,4 милијарди долари, на 11 јули.
На 19 јули, Владата на Србија во Белград го потпиша „Меморандумот за критични суровини“ со Европската унија, со кој се предвидува целиот производствен синџир - од ископ на литиум во Јадар до производство на батерии за електрични возила.