Соединетите држави на 9 август воведоа санкции насочени кон повеќе поединци и ентитети во Белорусија.
Санкциите се воведени поради нејзината поддршка за Русија во војната против Украина, објави Министерството за финансии.
Санкциите беа издадени според извршната наредба потпишана од претседателот Џо Бајден во 2021 година.
Видете и ова: Вдовицата на Навални тврди дека и тој требало да биде вклучен во неодамнешната размена на затворенициНаредбата беше потпишана со цел да се изврши притисок врз авторитарниот белоруски владетел Аљаксандар Лукашенко поради обвинувањата дека неговата влада ги наместила претседателските избори во земјата во 2020 година.
Лукашенко го негира ова.
Санкциите доаѓаат четири години по изборите, кои нашироко беа осудени како лажни.