Вршителот на должноста гувернер на рускиот далечен источен регион Хабаровск, Дмитриј Демешин, на 9 август изјави дека следниот месец ќе се одржи воена парада во главниот град на регионот, исто така наречен Хабаровск, за да се одбележи победата над Јапонија во 1945 година.
Тоа ќе биде прв настан од ваков вид што ќе го одбележи датумот на 3 септември.
Видете и ова: Русија прогласи вонредна состојба на „федерално ниво“ во Курск поради украинскиот упадМинатата година Русија усвои закон за споменување на победата над Јапонија на настани поврзани со крајот на Втората светска војна.
Потегот дојде откако Јапонија воведе санкции кон највисоките руски функционери.
Санкциите беа и за нивните роднини, како и врз руски банки и компании, поради тековната инвазија на Москва на Украина.