Инфлацијата во Германија се зголеми во јули како што беше првично проценето,ж поради повисоките трошоци за храна и услуги, покажаа податоците на германската федерална статистичка служба Дестатис на 9 август.
Индексот на потрошувачките цени во јули бележи годишен пораст од 2,3 отсто, наспроти растот од 2,2 отсто во јуни. Стапката се совпаѓа со прелиминарната проценка објавена на 30 јули.
Пониски цени на енергијата ја ублажува инфлацијата, изјави претседателката на Федералниот завод за статистика, Рут Бренд. Спротивно на тоа, инфлацијата на цените на услугите останува над просекот, рече Бренд.
На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,3 отсто, во согласност со сегашната проценка, по растот од 0,1 отсто. Цените на енергијата паднаа за 1,7 отсто во јули, по падот од 2,1 отсто во јуни.
Во меѓувреме, храната поскапе за 1,3 отсто. Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата беше непроменета од јунската стапка и остана малку под границата од 3 проценти во Германија.
Видете и ова: „Економист“: Виена е сè уште најдобар град за живеење во светотПодатоците покажаа дека цените на услугите се повисоки за 3,9 отсто во однос на претходната година.
Инфлацијата на потрошувачките цени во Италија забрза на највисокото ниво во последните девет месеци, како што беше првично проценето во јули, покажаа најновите податоци на заводот за статистика.
Ова беше највисоката инфлација од октомври 2023 година, кога цените во Италија се зголемија за 1,7 отсто.
Годишниот раст на цените на регулираните енергетски производи во јули пораснаа на 11,7 отсто од 3,5 отсто.
На месечна основа, потрошувачките цени во јули пораснале за 0,4 отсто
Усогласената инфлација во Европската унија (ЕУ) забрза на 2,6 отсто од 2,5 отсто. Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени порасна за 0,5 отсто на месечно ниво по растот од 0,2 отсто.