Британската влада размислува за измени во Законот за безбедност на интернет по расистичките немири предизвикани од лажни информации што се шират на интернет веќе една седмица.
Законот, кој беше усвоен во октомври, но се очекува да се имплементира до почетокот на следната година и дозволува на владата да ги казни компаниите на социјалните медиуми до 10 отсто од глобалниот промет, доколку се утврди дека го прекршиле.
Во моментов, компаниите би се соочиле со парични казни само ако не контролираат нелегална содржина, како што се поттикнување насилство или говор на омраза. Предложените промени би можеле да доведат до тоа Офком (Канцеларија за комуникации) да ги санкционира компаниите доколку дозволат ширење на „легална, но штетна“ содржина, како што се дезинформациите.
Неодамна избраната британска лабуристичка влада го наследи законот од конзервативците, кои поминаа многу месеци менувајќи го законот во обид да го балансираат правото на слободен говор со загриженоста за штетното однесување на интернет.
Видете и ова: Британската полиција на готовс во случај на натамошни насилни немириКабинетот на министерот Ник Томас Сајмондс, денеска (9 август), рече дека владата повторно ќе ја разгледа рамката на законодавството.
„Очигледно има аспекти од Законот за безбедност на интернет кои сè уште не стапиле на сила. Подготвени сме да направиме промени доколку е потребно“, изјави тој за Скај Њуз, пренесува Ројтерс.
Адик Кан, градоначалникот на Лондон, за Гардијан изјави дека Законот за безбедност на интернет треба да се измени по немирите.
Немирите се проширија низ Британија минатата седмица, откако на широко распространетите објави на интернет погрешно беше идентификуван осомничениот убиец на три млади девојки во напад со нож на 29 јули, како муслимански мигрант.
Видете и ова: Британскиот премиер Стармер свика итен состанок поради протестите во земјатаДодека бунтовниците се судрија со полицијата во некои градови, сопственикот на компанијата X, Илон Маск, исто така ја искористи својата платформа за споделување дезинформации со своите милиони следбеници, вклучително и една објава која сугерира дека граѓанската војна е „неизбежна“ во Британија.
Портпаролот на премиерот Кир Стармер рече дека „нема оправдување“ за таквите коментари.