Трет тинејџер е уапсен во врска со спречен напад на веќе откажаните концерти на Тејлор Свифт во Виена, изјави денеска (9 август) австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. Тој изјави дека 18-годишникот бил приведен во четвртокот вечерта во Виена, откако наводно бил во контакт со главниот осомничен.
Од полицијата информираа дека ќе бидат сослушани повеќе осомничени и ќе се претресува имотот додека истражителите продолжуваат со истрагата.
Три концерти во Виена се откажани откако австриската влада го потврди планираниот напад на местото на одржување, стадионот Ернст Хапел во Виена.
По откажаниот концерт на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт како резултат на спречениот напад, Обединетите нации (OН) на седницата на Советот за безбедност предупредија на зголемениот ризик од тероризам предизвикан од ИСИЛ-Хорасан (авганистански огранок на терористичката група „Исламска држава“ ).
„Два ризици идентификувани во извештаите во изминатите години за жал станаа очигледни“, рече Владимир Воронков, потсекретар на канцеларијата на ОН за борба против тероризмот.
„Првиот е ризикот ИСИЛ-К, филијалата на „Исламска држава“ во Авганистан, да изврши терористички напади во странство. Вториот ризик, што се материјализираше во извештајниот период, е поврзан со заживување на јадрото на терористичката група “, додава тој.
Видете и ова: Австрија бара македонското МВР да го провери првоосомничениот за планирање терористички нападСредбата се одржа во време кога „Исламска држава“ - честопати наречена ИСИС, ИСИЛ или Даеш - беше инспирација за уапсените кои планираа напад за време на концертите на Тејлор Свифт во Виена.
Во средата, 7 август, австриската полиција приведе две лица осомничени дека го планирале нападот.
Главниот осомничен, 19-годишен Австриец со корени од Северна Македонија, е осомничен дека планирал да ги нападне фановите на Тејлор Свифт во Виена со бомба или нож. Тој ветил верност на терористичката група Исламска држава, соопштија властите во четвртокот.
„Терористичките групи како Даеш продолжуваат дополнително да го експлоатираат интернетот и социјалните мрежи за да ги зголемат своите следбеници, како и да шират пропаганда заснована на дезинформации и регрутирање“, изјави пред Советот за безбедност, заменик-амбасадорката на Франција во ОН, Натали Естивал-Бродхерст.
Видете и ова: Организаторите ги откажаа концертите на Тејлор Свифт во Виена поради страв од нападиТелеграм каналите на терористичката група објавија дека осомничените се „осамени волци на ИСИС“. Откажувањето на концертот беше оценето како „доказ за растечката закана и досег на групата“.
Во објава во затворени канали, терористичката група се пофали со потезите на поддржувачите и се потсмеваше на Ал Каеда и другите ривали затоа што не инспирирале напади на осамени волци на Запад, соопшти Институтот за медиуми и истражување на Блискиот Исток (МЕМРИ).