Јутјуб е недостапен во Русија

Илустрација

Видео платформата YouTube е недостапна во Русија, објавија илјадници корисници на 8 август.

Најголем дел од поплаките на корисницит доаѓаат од Москва, Св. Петербург и Екатеринбург, е наведено на веб страната Даундетектор (Downdetector).

Рускиот пратеник Александар Хинштајн пред две недели најави дека за неколку дена брзината на прикачување на видеата на Јутјуб ( YouTube) во Русија ќе се намали за 70 отсто, велејќи дека Јутјуб досега бил „неказнет затоа што го прекршува и игнорира законот“.

Видете и ова: Загушување на Јутуб: Цензурата на Кремљ влегува во непознати води


На почетокот на јули, Јутјуб блокираше каналите на неколку руски пејачи и уметници поради нивната поддршка за руската инвазија на Украина.

Претставници на Јутјуб минатата недела изјавија дека се запознаени со извештаите дека некои корисници не можат да пристапат до содржината во Русија и дека причината не е технички проблем од нивна страна, пишува Ројтерс.

Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Јутјуб блокираше голем број про-Кремљ канали, додека опозициските медиуми продолжија да имаат пристап.