Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) смета дека со поголема конкуренција на пазарот, ќе пониски цени на услугите, во контекст на најавата за влез на трет мобилен оператор во Северна Македонија.
Директорот Јетон Акику во изјава за ТВ Сител кажа дека слободни фрекфенции има бидејќи претходно веќе работеле три компании, а најголема корист од доаѓањето на нов мобилен оператор ќе имале граѓаните.
„Со трет оператор би имале уште подобри услуги и во тој смисол е добро да има трет и треба да има и најверојатно тоа би значело намалување на цените. Тоа е економска теорија, повеќе конкуренција-помали цени. Имаме празни слотови во сите френкфенциски опсези за тре оператор, пошто имавме трет. Кога се случи спојувањето на двата оператори, дел од фрекфенциите ги одземавме назад за да има можност за трет оператор“ изјави Акику за ТВ Сител.
Акику вели дека досега на адреса на институцијата не стигнало писмо со намери од компанијата. Тој објаснува дека писмото со намери не значи дека заинтересираната компанија ќе биде третиот оператор за мобилни услуги. Прво ќе се распишел тендер на кој ќе можат да се пријават сите компании кои ќе ги исполнат условите.
„Ако се појават повеќе заинтересирани има јавно наддавање, ако се јави еден се оди на цената одредена како почетна за добивање на дозволата“, вели директорот на АЕК.
Видете и ова: Унгарски телекомуникациски оператор заинтересиран за влез на пазаротВладата по вчерашната седница соопшти дека „4iG Групацијата” од Унгарија испратила писмо со намери да инсталира мобилна мрежа во земјава.
„4iG Групацијата” изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на “4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан“, соопшти вчера владата.
Претходно беше објавено дека за време на официјалната посета на Будимпешта, Унгарија, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, остварил средба со Гелерт Жасзаи, претседател на “4iG Групацијата”.
Инаку Владата вели дека „4iG Групацијата“ е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија.