На Олимписките игри во Париз, повеќе од 40 спортисти биле позитивни на ковид-19 и други респираторни заболувања, објави во вторникот Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО посочува дека има ново глобално зголемување на случаите бидејќи опфатот со вакцинација се намалува.
Вирусот зад пандемијата сè уште циркулира, предупреди СЗО, наведувајќи дека земјите мора да ги заострат системите за одговор и да ги вакцинираат најранливите, пренесува Агенцијата Франс Прес.
Неколку истакнати спортисти настрадаа од ковид-19 на Олимпијадата во Париз, меѓу кои и британскиот пливач Адам Пити, додека спортистката од Австралија Лани Палистер се повлече од борбата за медал откако и се слоши.
Видете и ова: Романската гимнастичка легенда Надија Команечи ги охрабрува олимписките наследнички„Ковид-19 е сè уште меѓу нас. Вирусот циркулира во сите земји“, рече Марија Ван Керхове, директорка на СЗО за подготвеност и превенција за епидемии и пандемии.
Податоците од 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за вирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува болеста ковид-19, „се зголемува веќе неколку недели“, рече таа на прес-конференција во средата.
Марија Ван Керхове рече дека вирусот продолжува да се развива и менува.
„Ова сите нè става на ризик од потенцијално посериозен вирус што би можел да избегне од нашето откривање и/или нашите медицински интервенции, вклучително и вакцинацијата“.
Агенцијата Франс Прес потсетува дека во светот стапката на позитивни тестови е над 10 отсто, додека во Европа оваа бројка е над 20 отсто.