Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша два закони за продолжување на мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена.
Парламентот минатиот месец гласаше за двата закона и го поддржа продолжувањето на мобилизацијата и вонредната состојба до 9 ноември.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја почна како што ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките се продолжуваа неколку пати.
Украинското воено воздухопловство во текот на ноќта ги собори сите 30 беспилотни летала лансирани од Русија врз седум региони, соопшти војската во соопштението на Телеграм.
Воздухопловните сили соборија 14 беспилотни летала над јужниот регион Миколаев, објави нејзиниот гувернер. Тој објасни дека во нападот биле предизвикани два пожара што во меѓувреме се изгаснати, а нема извештаи за жртви.
Видете и ова: Русија вели дека во украинските напади загинале две лица во близина на границатаАрмијата собори уште четири беспилотни летала над регионот Хмелницки, додека од нивните остатоци се оштетени магацини и работилница во една од производствените компании, објави гувернерот на регионот, пренесе Фена.
Четири беспилотни летала беа соборени над централните региони Черкаси и Виница, а локалните власти соопштија дека нема повредени или жртви.
Украинските регионални власти соопштија дека воздушната одбрана ги погодила целите, без да дадат детали за последиците од нападот.
Гувернерот на регионот Шуми изјави дека во текот на ноќта над регионот била соборена балистичка ракета.