Два „ер трактори“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Северна Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита. Веќе од утре ќе бидат ставени на располагање за гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка.
Од кипарскиот Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина соопштија дека „по наредба на директорот на конкретниот сектор Савва Иезекил и по консултација со надлежната министерка Мариа Панајоту, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија се испраќа помош за Република Северна Македонија за справување со шумските пожари во областите Чашка и Свети Николе“.
Двата авиона, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка, во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје. Планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот.
Видете и ова: ЦУК: Пожари на шест места во државатаПо пристигнувањето ќе бидат информирани со детали за акцијата, а се очекува утро наутро да учествуваат во гаснењето на пожарите. Планирано е кипарскиоте авиони да останат во Северна Македонија пет дена.
Кипарските „ер трактори“ се опремени со соодветна опрема за гаснење и употреба на пена, опремени се и со соодветна телекомуникациска опрема, како за комуникација со Единицата за воздушни средства во Ларнака, така и за пренос на информации и фотографски материјал.
Центарот за управување со кризи информира дека на 7 август во Северна Македонија се активни шест пожари, а 9 се ставени под контрола. Во текот на вчерашниот ден имало 41 пожар на отворено и дека 26 од нив се веќе изгаснати.
Од пожарите кои во моментот се активни, првиот е во општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница и кај „Јасен“.
Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид - Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Третиот е на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше.