Рускиот претседател Владимир Путин на 7 август изјави дека Украина спроведува „провокација од големи размери“ во пограничниот регион Курск.
Изјавата Путин ја даде на телевизиски состанок со владини претставници.
Судирите меѓу руските и украинските сили продолжија втор ден во пограничната област Курск, пренесува АФП.
Областа се граничи со регионот Суми во североисточна Украина.
Видете и ова: Русија соопшти дека соборила 11 украински дронови во 4 региониПутин ги обвини украинските сили дека во нападите уништиле цивилни згради и амбулантни возила.
„Како што знаете, режимот во Киев презеде уште една провокација од големи размери. Се гаѓа неселективно од различни видови оружје, вклучително ракети“, рече Путин.
Еден ден претходно, вршителот на должноста регионален гувернер Алексеј Смирнов изјави дека пет лица се ранети од паѓање на парчиња од беспилотни летала во Суја, град на 10 километри од украинската граница.
Смирнов, исто така, тврди дека руските граничари одбиле наводен обид на украинските сили да ја преминат границата во областа Курск. Украина не го коментираше тоа, но тврдењето на Смирнов не можеше независно да се потврди.