Шест пожари во моментот се активни, а 9 се ставени под контрола, соопштија денеска (7 август) од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека во текот на вчерашниот ден имало 41 пожар на отворено и дека 26 од нив се веќе изгаснати.
Од пожарите кои во моментот се активни, првиот е во општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница и кај „Јасен“.
Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид - Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани.
Третиот е на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше.
Видете и ова: (Не)казнивост за подметнувачите на шумски пожариЧетвртиот е во регионот на општина Петровец, кај селата Градманци и Дивље.
Активен е и пожарот во општина Кочани - место викано „Панаѓур“, кај одмаралиштата на Пониква. Последниот од наведените е во општина Студеничани, кај селата Драчевица и Црвена Вода.
Од пожарите што се ставени под контрола, два се наоѓаат во општина Студеничани, по еден во општините Гевгелија, Охрид, Македонски Брод, Пласница, Делчево, Прилеп, како и еден што е на територија на две општини - Богданци и Дојран.