Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вторник изјави дека со затворањето на објектите на Поштата Србија на северот на Косово се прекршени потпишаните договори.
„Ова не е резултат на никаква политика, ова е резултат на насилство. Потпишавме договори за пошти и телекомуникации, кои, според Квинта, беа брутално прекршени и уништени“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека се надева оти КФОР ќе реагира „правилно“ и ќе го зачува мирот.
„Знам колку е тешко и се надевам дека нема да не доведат во ситуација да треба да реагираме, бидејќи тоа би било катастрофа за нас, но не кога некој ќе ве стави во позиција од која едноставно не можете да се извлечете. Верувам дека сè уште можеме“, рече Вучиќ.
На 5 август косовските власти затворија девет објекти на Поштата на Србија на северот на Косово, под образложение дека економските оператори работат на територијата на Косово без дозвола и. без регистрација во Агенцијата за деловни регистри на Косово.
Видете и ова: Мерките на Косово водат кон натамошна ескалација, вели портпаролот на ЕУИстата вечер реагираше и Европската унија која оцени дека затворањето на филијалите на Поштата на Србија на северот на Косово е едностран и некоординиран чекор на косовските власти, со што се прекршуваат договорите постигнати меѓу Косово и Србија во рамките на Дијалогот со поддршка на ЕУ.
Претходно, САД соопштија дека се длабоко разочарани од, како што наведоа, едностраните и некоординирани акции на Владата на Косово во однос на филијалите на Поштата на Србија, објавија дека косовската полиција запрела комбе со писма на преминот Јариње на редовна транспортна линија од Рашка во Србија до Грачаница во Косово.
Како што се наведува во соопштението, стопирана е пратката на писма за корисниците на северот на Косово.
Поштата на Србија повика на итност за решавање и смирување на тензиите и овозможување непречено функционирање на поштенскиот сообраќај на северот на Косово.