Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници, беа повредени во северниот дел на Израел во вторникот (6-ти август) откако милитантите на Хезболах во Либан започнаа напади со беспилотни летала, соопштија официјални лица, додека светските лидери се обидоа да ги смират тензиите на Блискиот Исток.
Повеќето луѓе се повредени од израелски проектил кој требало да има улога на пресретнувач, кој промашил и удрил во земја. Локалните власти објавија нови насоки за северен Израел, а сите жители се предупредени „да ги избегнуваат сите активности кои не се од витално значење и да останат блиску до безбедните зони“ до понатамошно известување.
Во изминатите 10 месеци, додека војната во Газа продолжува, Израел и Хезболах разменуваат напади речиси секојдневно. На окупираниот Западен Брег, израелски оган за време на воените вежби убиле 10 Палестинци, меѓу кои четворица тинејџери, а уште 10 биле повредени, соопштија палестинските власти.
Видете и ова: Апел на ЕУ за итен прекин на огнот во Појасот ГазаНапорите ширум регионот продолжуваат да се спречи војната да влезе во фаза на поширок конфликт, по убиството на висок командант на Хезболах во Либан минатата недела, и на највисокиот политички лидер на Хамас - организација означена како терористичка организација од страна на САД и ЕУ - кој беше убиен во Иран.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на својот кабинет во текот на викендот му рече дека Израел веќе е во „војна на повеќе фронтови“ со Иран. Внатре во Газа, единствениот коридор за пристигнување на хуманитарна помош кој се наоѓа на југот на појасот е затворен поради борбите во таа област.
Палестинските власти се соочуваат со тешка хуманитарна криза, а тамошното Министерство за здравство - кое го води Хамас - соопшти дека бројот на загинати во војната се приближува до 40.000.