Владата усвои предлог за дополнување при ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ.
Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата, со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.
„ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема, информира министерката.
Видете и ова: Ребаланс на Буџетот – спас од клиничка смрт или барање алибиИнаку во собранието заврши комисиската расправа за ребалансот на буџетот која во Комисија за финансирање и буџет започна на 25 јули.
Со ребалансот државата годинава планира да потроши 5,89 милијарди евра, или 300 милиони евра повеќе од постојниот буџет. Дефицитот се зголемува на 720 милиони евра од постојните 585 милиони.
„Сепак ова не г одополнувавме денес, ова е со првичниот ребаланс. Имав потреба денеска ребаланот да го прочитам уште еднаш бидејќи во јавноста се создава некое недоразбирање дека немаме обезбедено стратсва. се што е во рамките на законите до овој момент е обезбедено за јавната администрација“, рече министерката.
Димитриеска-Кочоска посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.