Инцидентот кој се случи на скопскиот аеродром со косовската претседателка и самоволието на обезбедувањето на претседтелот на Собранието Африм Гаши е причина опозицијата во да бара токму промена на спикерот.
ССДСМ вели дека соопштението во кое МВР го потврдува настанот на аеродромот посочува одговорност токму кај Гаши.
Од опозициската партија очекуваат премиерот Христијан Мицкоски да побара одговорност а тие ќе дадат поддршка.
„Стои дека „Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба. Со ова се потврдува одговорноста кај Гаши дури и од страна на МВР. Прашуваме, зошто ништо не е преземено досега? Бараме итно Мицкоски да го смени Гаши од Претседател на Собранието за што СДСМ ќе му даде поддршка“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.
Видете и ова: Мицкоски - Курти : Нема нарушени дипломатски односи, инцидентот на аеродромот ќе се расветлиЛевица, веќе поднесе интерпелација за Гаши и од таму рекоа дека причината е „воведување непринципиелни политики во Собранието“.
„ Причината е и поради повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи, како што наведува партијата во соопштение, одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава.
„Институциите како никогаш до сега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријави, а во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не нè изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Видете и ова: Кабинетот на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродромКабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека е „за жалење“ начинот на кој бил разрешен инцидентот со претседателката од 1 август, односно на прес-конференција на косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски на 5 август во Скопје.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција рече дека му е жал за инцидентот на скопскиот аеродром во кој учествуваше и косовската претседателка Вјоса Османи. Неговиот косовски колега Албин Курти рече дека официјалниот извештај ќе го расветли целиот инцидент.
Од Кабинетот на косовската претседателка го оценија настанот што се случи на аеродромот во Скопје како „чиста провокација и тенденција за предизвикување инцидент“.
Вчера и македонското МВР поднесе кривична пријава за шефот на обезбедувањето на Гаши.