Народниот правобранител на Албанија не одговорил на сомнежите за фалсификуван попис

Илустрација

Илустрација

Народниот правобранител на Албанија после дописот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“ не дал конкртен одговор.

Во него меѓу другото стои дека во однос на првата загриженост на припадниците на македонското малцинство, дека резултатите се фалсификувани и изманипулирани, со цел намалување на бројот на прпадниците на македонското малцинство побарале објаснување од ИНСТАТ, но не добиле одговор.

„Што се однесува до втората вознемиреност, околу употребата на терминот „Северна Македонија“ на албански јазик и „Сeверно Македонци“ на англиски, во прегледот за етничката припадност, побаравме од ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница, стои во одговорот на народниот правобранител. Оваа неправилност беше коригирана по разговорот на македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот албански колега Игли Хасани“ рече за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Народниот правобранител во одговорот се заблагодарува за искажаната доверба на МД „Илинден“ како кон институција и додава дека и во иднина, како и до сега, максимално ќе се ангажира во почитувањето на правата на националните малцинства и заштита на нивните права согласно меѓунароните стандрарди.

Видете и ова: Македонската партија во Албанија го оспорува пописот

Пописот на населението, 12 по ред беше спроведен од 30 октомври до 16 ноември, а според резултатите објавени од ИНСТАТ на 28 јуни попишувачите „попишале“ само 2.281 Македонци, наспроти 7957 Бугари. Во сите претходни единаесет сроведени статистички операции не било регистрирано ниту едно лице кое се изјаснило како Бугарин.

Пописните резултати околу етничката припадност со заедничка декларација не ги признаа претставниците на осумте малцинствата, освен бугарското, додека Православна и Католичката црква не ги признаа резултатите за бројот на популацијата по верска припадност.

Опозициската Демократска партија не ги признава бројките за вкупниот број на население и бројот на иселените од претходниот до последниот попис, што го потврдува со податоци од Евростат. Со пописот се иселиле 400 илјади, но според европската агенција над 900 илјади.

Наспроти сите обвинувања за манипулации и фалсификат, од ИНСТАТ, излегоа со став дека пописот бил спроведен според меѓунарордните стандарди.