Американската потпретседателка Камала Харис официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија на 5 август. Ова е резултат на онлајн гласањето на Демократскиот национален комитет.
Таа е првата Афроамериканка и Американка од Јужна Азија која станала кандидат на водечка американска партија за кампањата за Белата куќа, пренесува АП.
Нејзиното назначување за претседателски кандидат следуваше по лошиот настап на американскиот претседател Џо Бајден во дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни. Тој настап ја разниша довербата на неговите поддржувачи во неговите можности за реизбор за втор мандат и поттикна внатрепартиско несогласување околу тоа дали тој треба да остане во трката.
Видете и ова: Пред првата дебата меѓу Бајден и Трамп, во фокусот возраста на кандидатитеШтом Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка, Харис и нејзиниот тим почнаа да работат за да ја добијат поддршката од партиските делегати, неопходна за номинација на онлајн партиското гласање. Нејзиниот тим во петокот објави дека Камала Харис обезбедила поддршка од доволен број делегати за да биде демократски претседателски кандидат.
Нејзината номинација стана официјална на 5 август кога заврши петдневното гласање преку Интернет од делегатите на Демократската национална конвенција. Партијата пред полноќ на 5 август соопшти дека 99 отсто од делегатите гласале за Харис.
Демократите ќе го официјализираат тоа гласање пред официјалното соопштение на партиската конвенција која ќе се одржи месецов во Чикаго.
Се очекува Харис да го објави својот потпретседател на 6 август, со што ќе стави крај на двонеделните интензивни шпекулации за тоа кој ќе биде. Таа разговараше со неколку водечки кандидати за функцијата во Вашингтон во текот на викендот.
Видете и ова: Џо Бајден се повлече од претседателската тркаКандидатот што ќе го избере ќе и се придружи на петдневната турнеја низ американските градови, од кои ќе има седум, во сојузните држави кои можат да одлучат кој ќе биде идниот претседател.
Последната анкета на Си-Би-Ес покажуваат тесна трка меѓу Харис и Трамп на национално ниво, при што Харис има предност од еден процент пред неговиот републикански ривал.
Според анкетата објавена на 4 август, Трамп и Харис се рамноправни во државите кои се клучни за победа на изборите, а во кои Трамп имаше предност од пет процентни поени пред Бајден, пишува Би-Би-Си.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Анкетата на АП и Центарот за истражување на јавни односи NORC, спроведена по повлекувањето на Бајден, покажа дека 46 отсто од Американците имаат позитивен став за Харис, но речиси истиот процент имаат негативен став за неа.
Сепак, повеќе демократи велат дека се задоволни од нејзината кандидатура во споредба со Бајден. Тие сметаат дека Камала Харис и дава енергија на партијата која долго време е оставена на фактот дека нејзин кандидат ќе биде 81-годишниот Бајден против поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканец што тие го гледаат како егзистенцијална закана.