Украинската воздушна одбрана собори 15 беспилотни летала и 4 од 6 проектили над регионите Киев, Херсон, Миколајев и Хмелницки рано на 6 август, соопшти украинското воздухопловство во порака на Телеграм.
Оттаму додаваат дека два од проектилите се балистички ракети Искандер, а две крстосувачки ракети Kh-59.
Исто така, руското гранатирање предизвика штета во област во североисточниот регион Харкив, изјави гувернерот Олех Синјехубов.
Видете и ова: „Не цимоли“: Растење во патриотски камп во УкраинаОд друга страна пак регионалниот гувернер во руската област Курск, Алексеј Смирнов изјави дека во таа област биле соборени 26 дронови, а петмина биле повредени од паѓање на остатоци.
„Во руската област Курск, на 6 август беа соборени 26 беспилотни летала“, изјави Смирнов, додавајќи дека пет лица се ранети од паѓање на остатоци во Суџа, град во близина на украинската граница.
Русија ја почна својата инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година.