Руското државно обвинителство ги опрогласи активностите на германската фондација Конрад Аденауер како „непожелни“.
Канцеларијата на обвинителстовто соопшти дека фондот има 11 претставништва низ светот, потенцирајќи дека фондацијата, која вели дека е посветена на промоција на либералната демократија и социјалната пазарна економија, „дистрибуира материјали што го дискредитираат раководството на Руската Федерација
„Наведените цели се промовирање на демократијата, поддршка на европското единство, талентирани млади, итн. Во реалноста, „Konrad-Adenauer-Stiftung“ дистрибуира материјали што го дискредитираат раководството на Руската Федерација и нејзината внатрешна и надворешна политика“, се вели во пораката.
Фондацијата, смета обвинителството, исто така „промовира политики на непријателски држави“ на тема војна против Украина, а информативните активности се насочени кон „комплицирање на односите меѓу Русија и западните земји, создавање услови за политичка и економска изолација на Руската Федерација на меѓународната арена, зголемување на воената конфронтација.
Видете и ова: Русија објави список со „екстремистички“ организацииЗа „непожелни“ беа прогласени и уште една француска, швајцарска и полска организација.
Регистар на „непожелни“ организации постои во Русија од 2015 година. За тоа време, повеќе од 160 медиуми, невладини организации и други здруженија се прогласени како непожелни. Во февруари 2024 година, независната корпорација Радио Слободна Европа, беше препознаена како „непожелна“ организација.
Вклучувањето на списокот значи дека на организацијата и е забрането да работи во земјата, а на руските државјани им е забрането да соработуваат со неа под закана од кривично гонење. За соработка со „непожелни“ организации и за нивно финансирање во Русија, предвидена е кривична одговорност - до пет години затвор.