Во понеделникот косовската полиција затвори девет објекти на Поштата Србија на северот на Косово, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека се затворени три објекти на Поштата Србија во Северна Митровица, три во општина Лепосавиќ, два во Звечан и еден во Зубин Поток.
Вработен во Поштата во Звечан за Радио Слободна Европа вели дека полицијата го блокирала влезот во објектот, по што никој не можел да влезе.
Според него, за време на акцијата полициски службеници проверувале документи.
Ветон Елсани изјави дека акцијата започнала по добиена информација од Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП) дека економските оператори работат на територијата на Косово без лиценца и без регистрација во Агенцијата за деловни регистри на Косово (АРБК).
Видете и ова: Мицкоски - Курти : Нема нарушени дипломатски односи, инцидентот на аеродромот ќе се расветли„Информацијата се покажа како точна, за што полицијата го известила државниот обвинител и продолжуваме по неговите овластувања“, се вели меѓу другото во одговорот.
Српската листа, најголемата партија на српската заедница на Косово, ја осуди акцијата на косовската полиција, велејќи дека таа „ги прекршила договорите постигнати во Брисел во 2015 година под покровителство на Европската унија“.
Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, акцијата на косовската полиција ја нарече „незаконска“, а премиерот на Косово Албин Курти го обвини дека „директно предизвикува воен конфликт“.
Очигледно е дека по секоја цена сака да предизвика конфликти на теренот, а сето тоа пред меѓународната заедница“, се вели во соопштението на Петковиќ.
Министерството за информации и телекомуникации на Србија, оцени дека ова е еден „во мноштвото примери на демонстрација на отворена сила и незаконско дејствување“ од страна на властите во Приштина, кои, како што наведуваат, „за цел имаат постојан прогон на преостанатото српско и другото неалбанско население“ од Косово.
Видете и ова: Ховениер: КВИНТ и НАТО во овој момент не го поддржуваат отворањето на мостот во МитровицаПоштата на Србија на Косово врши различни исплати на Србите во Косово, од средствата што им ги доделува Владата на Србија, вклучувајќи: плати, детски додатоци и пензии.
Исто така, преку Пошта Србија, на Косово се вршат разни плаќања за услуги кои граѓаните ги добиваат од паралелни институции, кои функционираат според српскиот систем, на пример, плаќања за издавање српски документи, плаќања за испити, трансфер на пари итн.
Работата на Поштата е отежната од почетокот на оваа година, поради одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) која еврото го прогласи за единствена валута за готовинско плаќање.
Така, употребата на српскиот динар е забранета.