Иран вели дека казнувањето на Израел ќе спречи понатамошна нестабилност на Блискиот Исток, но дека не сака да ги ескалира тензиите кои веќе се високи по атентатот во Техеран на Исмаил Ханије, политичкиот водач на палестинската терористичка група Хамас, назначена од САД и ЕУ.
Стравувањата дека војната во Газа може да се претвори во поширок регионален конфликт се интензивираа бидејќи Иран и неговиот либански сојузник Хезбалах, кој исто така беше прогласен за терористичка организација од Вашингтон, ветија дека ќе се одмаздат за смртоносните напади во Техеран и Бејрут за кои Иран ги обвини Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Иран и неговите полномошници да не ја напаѓаат неговата земја и рече дека Израел веќе е „во мултифронтна војна против иранската оска на злото“.
„Ние веруваме дека Иран има право да го казни агресорот во рамките на меѓународното право. Иран дефинитивно и решително ќе преземе сериозни и одвраќачки мерки со искористување на своето вродено право врз основа на меѓународните принципи за да се обезбеди неговата безбедност“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани во Техеран на 5 август, според новинската агенција Тасним, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
„Иран верува дека стабилноста ќе се постигне со казната на агресорот“, додаде тој.
Видете и ова: Бајден се надева дека Иран ќе се откаже од одмазда за убиството на лидерот на ХамасИзраел не ја презеде одговорноста за убиството на Ханије во иранската престолнина во она што стана голем срам за властите во Техеран.
Секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу пристигна во Техеран на 5 август, според руските државни медиуми, во работна посета со високи ирански претставници, вклучително и претседателот Масуд Пезешкијан, кој положи заклетва пред помалку од една недела.
ИРГЦ на 3 август соопшти дека проектил со краток дострел стои зад убиството и ги обвини Соединетите држави дека го поддржуваат нападот, за кој го обвинија Израел. ИРГЦ во соопштението рече дека ракета со боева глава од 7 килограми била употребена за цел на резиденцијата на Ханије, кој бил политички лидер на Хамас.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Њујорк тајмс“ објави дека експлозијата во која загина Ханија била бомба тајно прошверцувана пред два месеци во гостинската куќа каде што престојувала Ханије во Техеран.