Пратеничката група на „Има таков народ“ (ИТН) на претседателот Румен Радев му го врати третиот мандат за формирање влада.
Веста доаѓа по еднонеделни преговори на ИТН со сите политички формации во Народното собрание и со пратеници кои не се членови на пратенички групи.
Сега Радев мора да распише нови предвремени избори. Ова ќе бидат седми парламентарни избори во Бугарија во рок од три години.
Според Уставот, претседателот има два месеци да назначи преодна влада и да закаже нови избори. Најверојатно ќе бидат во октомври, изјави Радев минатиот месец.
Видете и ова: Среде политички ќорсокак, во Бугарија предлог за нов владин кабинетСпоред него, август не е добар месец за изборна кампања бидејќи луѓето се на одмор.
Според Изборниот законик, кампањата се одвива во рок од еден месец - таа ќе се случува во септември. Во тој случај, првиот можен датум за гласање е 6 октомври.
По неодамнешните уставни измени, вршителот на должноста премиер се избира од редот на претседателот на Народното собрание, гувернерот или заменик-гувернерот на Бугарската народна банка, претседателот или заменик-претседателот на комората за ревизија и народниот правобранител или неговиот заменик.