Повеќе од 50 000 „приведени од почетокот на протестите“ во Белорусија

илустрација

Повеќе од 50 000 луѓе се приведени од политички причини по масовните протести што избија по претседателските избори во август 2020 година, изјави член на белорускиот центар за човекови права Вјасна и поранешен политички затвореник Леонид Судаленко.

„Анализата на Вјасна покажува дека најмалку 5472 лица се осудени во политички мотивирани криминални случаи“, рече Судаленко.

Видете и ова: Лукашенко ослободи 10 политички затвореници, уште 1.400 остануваат во затвор

Протестите беа поттикнати од изборните резултати што му донесоа на авторитарниот лидер Александар Лукашенко шести мандат на власт и покрај големите докази за изборна измама.

Соединетите Држави, Европската Унија и неколку други земји одбија да го признаат Лукашенко за победник на изборите.