Африканската држава Мали објави дека ги прекинува дипломатските односи со Украина.
Причината е што „висок украински функционер“, според Мали, ја признал „вклученоста“ на Киев во тешкиот пораз на армијата на Мали и руската паравоена група „Вагнер“ на крајот на јули во борбата против сепаратистите и џихадистите во таа земја.
Преодната влада на Мали одлучи „веднаш да ги прекине дипломатските односи со Украина“, изјави портпаролот на таа влада, полковник Абдулаје Маига.
Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка агенција „ја призна вмешаноста на Украина во кукавички, предавнички, варварски напад на вооружени терористички групи“ што доведе до смрт на војници од Мали, додаде Маига.