Вкупниот биланс на загинати во судирите во Бангладеш се искачи на најмалку 300 луѓе, јавија западни медиуми.
Во текот на вчерашниот ден (4 август) загинаа 94 демонстранти, и тоа е најсмртоносниот ден во изминатите неколкунеделни антивладини демонстрации.
Извештаите на западните медиуми се засноваат на податоци од полицијата, официјални лица и лекари во болниците. Протестите треба да продолжат денеска во Дака каде има големи распоредувања на војници и полицајци кои патролираат по клучните патишта и поставуваат барикади до рутите до седиштето на премиерката Шеик Хасина.
Видете и ова: Полициски час во Бангладеш, војници патролираат по улицитеПротестите започнаа кога студентите повикаа да се прекине системот на квоти со кој се доделуваа 30 отсто од владините работни места на роднините на ветераните од војната за независност на Бангладеш во 1971 година од Пакистан, но ескалираа во насилства со голем број загинати и со барања за оставка на премиерот Шеик Хасина.