Иранските државни медиуми објавија дека јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади патува за Техеран на 4 август, во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел.
Сафади и вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Бакери Кани, двапати разговараа телефонски во изминатите два дена за случувањата на Блискиот Исток по атентатот во Техеран на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас, група која САД и Европската унија ја сметаат за терористичка група.
Патувањето на Сафади во Иран ќе биде прво на јордански министер за надворешни работи во земјата од март 2015 година.
Видете и ова: Франција ги повика своите граѓани да го напуштат ЛибанУбиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије на 31 јули ги поттикна стравувањата од отворена војна меѓу Иран и Израел и поширок конфликт на Блискиот Исток.
Ханије беше убиен во Техеран, каде што престојуваше на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Иран и Хамас го обвинија Израел дека го убил и ветија одмазда. Израел не ја презеде одговорноста за ликвидацијата, но и не ја демантираше.