Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој на изборите на 28 јули го освои третиот мандат, но, на кого домашната опозиција и западните лидери му ја оспоруваат победата, синоќа изјави дека на антивладините протести низ земјата, што почнаа веднаш по изборите, досега се уапсени околу 2.000 лица.
Во обраќањето пред своите приврзаници во Каркас мадуро синоќа изјави дека уапсените ќе се соочат со максимална казна, објави Гардијан.
Во судирите со полицијата на протестите низ земјата досега загинале меѓу 10 и 20 лица, покажуваат различни извештаи.
Видете и ова: САД го признаваат опозицискиот кандидат Гонзалес за победник на претседателските избори во ВенецуелаНационалната изборна комисија објави дека Мадуро победил на изборите со 52 отсто од гласовите, без да објави целосен преглед на резултатите од поединечните избирачки места.
Опозицијата рече дека според пребројувањето на гласовите, Гонзалес го победил Мадуро со огромна разлика.
По претседателските избори во Венецуела, обележани со обвинувања за широко распространета измама, сè поголем број странски земји го признаа опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес за вистински победник.
Победата на Гонзалес на изборите, меѓу другите, ја признаа и САД, Аргентина, Уругвај и Перу, додека Кина и Русија го поддржаа Мадуро.
Неколку ЕУ земји бараат од Венецуела да ги објави изборните записници
Седум земји од Европската унија, меѓу кои Италија, Франција, Германија и Шпанија, ги повикаа властите во Венецуела итно да ги објават записниците од избирачките места за да се обезбеди целосна транспарентност за изборите минатиот викенд, соопшти кабинетот на италијанскиот премиер.
Опозицијата вели дека нејзините сопствени детални податоци покажуваат дека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес најверојатно освоил 67 отсто од гласовите.
Заедничката изјава на седумте земји на ЕУ го зголеми бранот на критики од странство поради начинот на кој венецуелската влада се справи со изборите.
Министрите за надворешни работи на Г7 минатата недела изразија солидарност со венецуелскиот народ и загриженост за изборните резултати.
„Ги повикуваме властите во Венецуела веднаш да ги објават сите записи од гласањето со цел да се обезбеди целосна транспарентност и интегритет на изборниот процес“, се вели во соопштението на седумте земји на ЕУ, вклучувајќи ги Португалија, Холандија и Полска.
Видете и ова: Венецуела треба да докаже дека имало хакерски напад од Северна Македонија врз нејзиниот изборен процесВенецуела обвини за хакерски напад од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори, тврди Обвинителството во таа земја.
Според главниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал.