Американскиот претседател Џо Бајден изрази надеж дека Иран ќе отстапи и покрај заканата дека ќе се одмазди за атентатот врз лидерот на Хамас во Техеран, Исмаил Ханије.
Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по атентатот врз шефот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханије и израелскиот воздушен напад врз Бејрут неколку часа претходно, во кој беше убиен високиот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр.
Иран и Хамас го обвинија Израел за убиството на Ханије и ветија дека, заедно со Хезболах, дека ќе се одмаздат.
На новинарско прашање дали Иран ќе отстапи американскиот претседател Бајден кусо одговори: „Се надевам дека е така. Не знам".
Пентагон пред два дена соопшти дека на Блискиот Исток ќе испрати повеќе воени бродови и борбени авиони како одговор на заканите кон Израел.
Видете и ова: Пентагон најави дека Вашингтон ќе ги зајакне воените капацитети на Блискиот Исток за да го брани ИзраелИстовремено, САД и нивните партнери, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Италија и Египет, и натаму се обидуваат со дипломатски напори да ја спречат натамошната ескалација во регионот.