Вооружените сили на Украина соборија пет беспилотни летала откако Русија рано во неделата лансираше проектили и беспилотни летала врз неколку украински региони.
Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук на Фејсбук напиша дека пет беспилотни летала Шахед од иранско производство биле пресретнати во регионите Керсон, Дњепропетровск, Кировохрад и Запорожје.
Беспилотните летала беа лансирани од воздухопловна база во руската област Краснодар.
Русија, исто така, истрела две противвоздушни наведувани ракети С-300 и две наведувани ракети Кх-59, соопшти Украина.
Гувернерот на Керсон, Олександр Прокудин, во неделата изјави дека 15 лица, меѓу кои и едно дете, биле повредени во руското гранатирање еден ден претходно.
И покрај доказите за спротивното, Русија останува на ставот дека не ги таргетира украинските цивили во војната.
Набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови права соопшти дека најмалку 11.284 украински цивили биле убиени од непријателски оган од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, нагласувајќи дека вистинската бројка е веројатно поголема.
Видете и ова: Пожар во руски нафтени постројки по нападите со украински дроновиВо меѓувреме, руските власти почнаа да испраќаат СМС пораки за да ги охрабрат луѓето да аплицираат во Министерството за одбрана и „веднаш“ да добијат 800.000 рубли (9.400 долари) по потпишувањето на договорот.
Руските медиуми првпат објавија за планот на министерството да започне СМС кампања за регрутирање војници во јуни.
Покрај таксата за регистрација, регионалните гувернери имаат овластување да им дадат дополнителни пари на војниците во нивните области за да продолжи процесот на регрутирање. Извештаите велат дека дополнителните плаќања се движат од 1,12 милиони рубљи (13.200 долари) во Коми до 1,7 милиони рубли (20.000 долари) во Ленинград.
Русија се обидува да го охрабри регрутирањето да го зголеми својот број во војната против Украина без формално да прогласи мобилизација, што може да предизвика незадоволство.
Пред претседателските избори во декември 2023 година, рускиот претседател Владимир Путин вети дека нема да има нови најави за мобилизација бидејќи „половина милион“ војници се веќе на фронтот.