Соединетите Американски Држави сакаат да ги зајакнат своите одбранбени воени капацитети на Блискиот Исток за да ги заштитат своите трупи таму и својот сојузник Израел, соопшти Пентагон доцна во петокот, во ек на зголемените тензии во регионот.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе преземе неколку мерки дизајнирани да ги заштити американските трупи во регионот, да му обезбеди на Израел поголема поддршка и да ги направи САД подготвени да одговорат на оваа криза во развој, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.
Таа не даде повеќе детали, но рече дека може да се работи за одбранбени воени капацитети.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека е многу загрижен за ситуацијата на Блискиот Исток и во исто време го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху брзо да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Видете и ова: Бајден и Харис побарале од Нетанјаху прекин на огнот во ГазаВо телефонски разговор претходно во петокот во присуство на потпретседателката на САД Камала Харис, Бајден го увери Нетанјаху дека Соединетите Држави се посветени на безбедноста на Израел против сите закани од Иран.
Иран и неговите сојузнички групи подготвуваат одговор на убиството на лидерот на Хамас Исмаил Хани, за што палестинската исламистичка група, либанскиот Хезболах и Техеран го обвинија Израел.
Неговата смрт се случи еден ден по израелскиот напад во кој во близина на Бејрут беше убиен воениот лидер на Хезболах, Фуад Шокур.
Тие два напади ги оживуваат стравувањата од ширење на војната на целиот Блиски Исток, меѓу Израел од една страна и Иран и групите кои го поддржуваат во Либан, Сирија, Ирак и Јемен од друга страна.