Судот во Казахстан на 2 август го осуди новинарот Думан Мухамедкарим на 7 години затвор под обвинение дека финансирал екстремистичка група и учествувал во активности на забранета група, обвиненија кои тој ги отфрла како политички мотивирани.
Судот му забрани на Мухамедкарим да врши јавни дејности на три години.
Еден ден претходно, Мухамедкарим ја повтори својата невин, нагласувајќи дека ја критикувал владата „само заради понатамошниот развој на Казахстан, што не е кривично дело“, рекоа неговите адвокати.
Додека Мухамедкарим ја даваше својата последна изјава во судницата, десетици негови поддржувачи скандираа „Слобода! во близина на зградата на судот бидејќи судењето се одржувало зад затворени врати.
Двајца од подржувачите Абзал Достијар и Бекзат Максутхан, потоа беа приведени и подоцна осудени на 20 и 10 дена затвор, соодветно, под обвинение за кршење на прописите за одржување јавни настани.
Мухамедкарим, кој објавува стории на видео канал на Јутјуб кој е популарен во Казахстан, беше приведен во јуни 2023 година веднаш по онлајн интервју што го направи со бегалецот банкар и отворен владин критичар Мухтар Абљазов.