По инцидент со косовска претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром во Скопје со граничната контрoла, опозицијата бара целосно расчистување на настаните. Од кабинетиот на Османи ги обвинија македонските власти за кршење на меѓународната пракса и Виенската конвенција за дипломатски односи, наведувајќи дека во на 1 август член на безбедносниот тим на скопскиот аеродром (ТАВ) се обидел да го земе личниот телефон на косовската претседателка. Од македонското МВР соопштија дека преземаат мерки за случајот.
Од опозициската СДСМ со писмено соопштение прашуваат дачо се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини, затоа што во јавноста се појавија три верзии дипломатскиот скандал.
„Вистина ли е дека лице од обезбедувањето на(собранискиот спикер Африм) Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот?
Видете и ова: МВР го истражува инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка ОсманиПоранешниот министер за надворешни работи од ДУИ, Бујар Османи го осуди, како што велинеприфатливата и скандалозната акција на скопскиот аеродром против косовската претседателка.
„ Овој инцидент јасно ја покажува неспособноста и неодговорноста на илегалните албански претставници во владата. Непосредна одговорност треба да понесат узурпаторите на албанското претставништво во Владата и да ги повикаат одговорните за оваа срамна ситуација“, напиша поранешниот минитсер Османи на својот официјален Фејсбук профил.
Претходно советникот за медиуми на косoвската претседателка Османи на 1 август соопшти дека обезбедувањето на скопскиот аеродром спротивно на меѓународните практики се обидело на Османи да и го земе телефонот и личната чанта, но и дека аеродромското обезбедување физички ја турнало. Османи за инцидентот го известила претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши, по што интервенирале припадници на неговото обезбедување.
Компанијата ТАВ Македонија реагираше наведувајќи дека спровеле стандардна безбедносна проверка и дека како аеродромски оператор имаат законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучително и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.
Од Кабинетот на Гаши по инцидентот кусо соопштија дека припадниците на неговото обезбедување, кои се вработени во МВР, интервенирале за да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности.
„Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, наведуваат од МВР на Северна Македонија.