Руски гранатирања и напади со беспилотни летала убиле повеќе украински цивили во неколку региони на фронтот, објавија официјални лица на 1 август.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно апелираше до сојузниците на Киев да им дозволат на неговите сили да користат западни оружени системи за да напаѓаат воени цели подлабоко во Русија.
Во источниот регион на Доњецк, еден цивил е убиен, а 10 други се ранети од руски артилериски оган во Маринивка, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин.
Видете и ова: Зеленски го потпиша законот за суспензија на плаќањата на надворешниот долг на УкраинаЛокалната полиција соопшти дека возач на трактор е убиен во истиот локалитет од руски дрон. Во Ханивка, во близина на градот Покровск, руска воздушна бомба рани три лица, меѓу кои и 3-годишно и 15-годишно девојче.
Руските сили веќе неколку недели вршат офанзива во правецот на Покровск.
Во јужниот регион Херсон, 20 населени места беа погодени од руска артилерија од преку реката Дњепар, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин.
За време на артилерискиот напад едно лице загина, а 10 други се ранети, рече Прокудин