Дури девет руски активисти и еден американски државјанин беа ненадејно преместени од руските затвори во последните денови, а другите Руси кои беа чувани во американските затвори исчезнаа од базите на податоци на затворите, поттикнувајќи шпекулации дека можеби е во тек голема размена на затвореници во кои се вклучени Русија, САД и неколку други европски земји.
Ниту еден владин претставник во Вашингтон, Москва или на друго место не ја коментираше можноста за размен. Сепак, аналитичарите на 1 август укажаа на знаци кои сугерираат дека тоа би можело да се случи.
„Сè уште немам коментар на оваа тема“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето на новинарите на 1 август.
Адвокатите на одбраната на неколку лица од висок профил, кои се притворени во руски затворски објекти, рекоа дека не се знае каде се наоѓаат нивните клиенти, ситуација што често се јавува кога затворениците се преместуваат. Некои од нив ги вклучуваат опозициските активисти Владимир Кара-Мурза и Илја Јашин, меѓу другите.
Олга Карлова, адвокатка на поранешниот американски маринец Пол Вилан, на 31 јули рече дека не знае каде е нејзиниот клиент, а властите во затворот во регионот Мордовија, каде што тој беше затворен, ги игнорираа барањата да потврдат дали е во казнено-поправниот дом.
Видете и ова: Американската амбасада во Русија бара ослободување на новинарката на РСЕ, КурмашеваВо многу случаи, обвиненијата против Американците, меѓу кои е и новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович и уредничката на РСЕ, Алсу Курмашева, беа етикетирани од нивните работодавци или од владата на САД како измислени или политички. Некои од казните го надминуваат она што правните експерти велат дека би било нормално.
„Се надеваме дека сите неправедно затворени политички затвореници, особено новинарите како Алсу и Еван, ќе бидат вратени кај своите најблиски. Новинарството не е кривично дело“, рече претседателот и извршен директор на РСЕ, Стивен Капус во изјавата на 1 август.
„На другите тројца новинари на РСЕ неправедно зад решетки - двајца во Белорусија и еден во Крим контролиран од Русија- им велиме дека не сте заборавени“, додаде тој, мислејќи на Ихар Лосик и Андреј Кузнечик во Белорусија и Владислав Јесипенко на Крим.
Видете и ова: Не е познато каде се наоѓа поранешниот американски маринец затворен во Русија, вели неговата адвокаткаНа 1 август, група руски адвокати и бранители за човекови права објавија порака на Телеграм во која ја забележаа патеката на летот на авионот Антонов кој претходно бил вклучен во друга размена на затвореници.
„Авион Ан-148, кој наводно бил користен за претходната размена на политички затвореници, полетал од Калининград за Москва на 1 август“, соопшти групата.
Тие додаваат дека авионот, со број RA-61727, потоа полетал назад во Москва, што „може да укажува дека размената на политички затвореници се случила на границата со Полска“.
Податоците од сајтот за следење летови Flightradar24 ги потврдија движењата на авионот, додека рускиот медиум Агенство објави дека неколку специјални руски владини авиони во последните денови патувале до и од регионите каде што се држат затворите во кои се чуваат дисиденти.
Видете и ова: Американски новинар осуден во Русија на 16 години затворВо меѓувреме, четворица Руси кои беа обвинети или затворени во Соединетите Држави, исчезнаа од базата на податоци на затвореници со која управува Федералното биро за затвори на САД.
Меѓу нив се Владислав Кљушин, ИТ-претприемач поврзан со Кремљ, кој отслужува повеќегодишна затворска казна поради обвиненија за трговија со инсајдери, и Александар Виник, кој неодамна се изјасни за виновен за обвиненијата за перење пари и е на слобода во очекување на пресудата.
Најголемата размена на затвореници од Студената војна се случи во 2010 година и вклучуваше вкупно 14 лица.
Во таа размена, САД ослободија 10 Руси, меѓу кои Ана Чепман. Сергеј Скрипал, руски воен разузнавач осуден за шпионирање за Велика Британија, беше меѓу четворицата ослободени од Москва.