Министерството за надворешни работи на Молдавија прогласи за персона нон грата вработен во руската амбасада во Кишињев и му даде 48 часа да ја напушти земјата. Потегот доаѓа неколку часа откако властите во Кишињев уапсија двајца молдавски функционери по рацијата на безбедносните сили во просториите на парламентот поврзана со истрага за шпионирање.
Рускиот амбасадор Олег Васнецов „денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи и му беше врачена нота за прогласување на вработен во амбасадата за персона нон грата“, се вели во соопштението на Министерството на 1 август, додавајќи дека потегот бил поттикнат од молдавските власти кои добиле „информации и докази“ кои докажуваат дека рускиот дипломат спроведувал „активности некомпатибилни со дипломатскиот статус на територијата на Молдавија“.
Потегот за протерување на неименуваниот руски дипломат дојде набргу откако агентите на молдавската разузнавачка и безбедносна служба (СИС) и Обвинителството за борба против организираниот криминал и специјалните случаи (PCCCOCS) ја претресоа зградата на парламентот на Молдавија и приведоа вработен во законодавниот дом и еден службеник на граничната полиција осомничен за предавство и заговор.
Двајцата, кои според молдавскиот закон можат да бидат задржани 72 часа, наводно собрале и дале на вработен во руската амбасада во Кишињев информации кои им штетат на интересите на Молдавија.
Видете и ова: Молдавија охрабрена од повикот на НАТО за повлекување на руските трупи од ТрансдњестарИзвор цитиран од Ројтерс рече дека дипломатот што треба да биде протеран е заменик-одбранбеното аташе на руската амбасада во Молдавија.
„Најважно е сега да се погрижиме овој случај на предавство да биде казнет на најстрог начин според законот“, рече претседателката на Молдавија Маја Санду во интервју за молдавската телевизија Журнал доцна на 31 јули.
Санду, која дојде на власт во ноември 2020 година, откако го победи актуелниот претседател Игор Додон, поддржан од Москва, Молдавија, поранешна советска република, се обиде да го ограничи повеќедецениското сеприсутно влијание на Русија врз нејзината политика.
Минатата година во август, Молдавија протера 45 од 70-те руски дипломати од амбасадата во Кишињев, откако истрагата на медиумите откри дека зградата на амбасадата имала невообичаено голем број на антени инсталирани на нејзиниот покрив, за кои постои сомневање дека собирале информации за руските разузнавачки служби.
Видете и ова: Вархеји во Молдавија, почнува скриниг процесот за членство во ЕУОд почетокот на неиспровоцираната агресија на Русија против Украина во февруари 2022 година, Молдавија цврсто застана на страната на Западот во осудата на инвазијата и смести десетици илјади украински бегалци.
Минатиот месец, Молдавија ги отвори пристапните преговори со Европската Унија, откако заедно со Украина во јуни 2022 година и беше доделен статус на кандидат.