Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој се дозволува Киев да го прекине плаќањето на надворешниот долг до 1 октомври.
Според базата на податоци на украинскиот парламент, Зеленски го потпишал законот на 31 јули.
Откако Русија ја започна својата тековна инвазија на Украина во февруари 2022 година, Киев се договори со своите доверители да ги замрзне исплатите од околу 23 милијарди долари до 1 август 2024 година.
Видете и ова: САД најавија помош за Украина до 1,7 милијарди долариУсвојувањето на законот што му дозволува на Киев да ги одложи плаќањата значи дека Украина ќе влезе во краткорочно неисполнување на долгот што ќе трае додека приватните сопственици на обврзници не се согласат да го одложат отплатата на долгот на Украина до 2027 година.
Таа опција беше поддржана од странските влади.
Таквиот договор би имал помало влијание врз долгорочното задолжување на Украина отколку без договор.