Најмалку четири цивили се убиени во руското гранатирање на областа Доњецк во источна Украина, каде што Москва спроведува офанзива во последните недели, изјави во вторник (30 јули) регионалниот гувернер Вадим Филашкин.
„На 29 јули, Русите убија четворица жители на регионот Доњецк - тројца во Торецк и еден во Хродивка. Уште пет лица во регионот беа повредени во текот на денот“, напиша Филашкин на Телеграм.
Руските сили во последните денови ги засилија нападите во Доњецк во правец на Торецк и рударскиот град Покровск, каде што постојаното гранатирање доведе до евакуација на стотици цивили од областа, изјавија локалните власти за украинската служба на Радио Слободна Европа.
„Градот е на 20 километри од линијата на фронтот“, изјави за РСЕ Серхи Добриак, шеф на воената управа на Покровск.
Украинската војска рано во вторникот соопшти дека имало 149 блиски судири во претходните 24 часа, од кои повеќето во правец на Покровское, каде што украинските сили спречиле 52 руски напади.
Видете и ова: Русија тврди дека Украина го гаѓала регионот на КурскВо јужниот регион Херсон, осум лица се ранети, а инфраструктурата е оштетена во руското гранатирање на Чернобаевка, соопшти регионалниот гувернер Олександар Прокудин на Телеграм.
„Руската армија гаѓаше критични инфраструктурни објекти и пристаниште“, напиша Прокудин.
Во Русија, вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Алексеј Смирнов, пак рече дека четири украински проектили биле соборени над регионот рано на 30 јули.
Смирнов рече дека ракетите биле соборени над областите Октјабр и Курчатов во регионот. На социјалните мрежи жителите пријавија и експлозија на небото над градот Курск. Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета. Украина не го коментираше тврдењето.
Видете и ова: Оштетена електрана во Русија откако Украина лансираше десетици дроновиОд првите денови на руската инвазија на Украина, московските сили систематски ги гаѓаа украинските енергетски и цивилни инфраструктурни објекти, предизвикувајќи жртви и огромни штети. За возврат, Украина почна да ги таргетира нафтените рафинерии и другата енергетска инфраструктура во Русија, кои главно работат за војската.