Главната расправа за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски почнува на 4 септември, информираа од Кривичниот суд.
Основниот кривичен суд Скопје претходно го одложи почетокот на судењето против четворицата обвинети, кое требаше да биде денеска.
Одложувањето дојде откако од републичкото Јавно обвинителство соопштија дека е завршена истрагата против првоосомничениот во случајот, Љупчо Палевски-Палчо, и дека надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бара спојување на овој предмет со обвинението што ОЈО Скопје веќе го поднесе против преостанатите четворица обвинети.
Видете и ова: ОЈО ќе бара спојување на постапките за обвинетите за убиството на Вања и ПанчеОд Основниот кривичен суд рекоа дека по добиениот предлог на Обвинителството ги отповикале наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат притвор и куќен притвор.
Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.