Четири украински проектили беа соборени во Русија над Курската област рано во вторникот (30 јули), изјави вршителот на должноста гувернер на регионот, Алексеј Смирнов.
Смирнов рече дека ракети биле соборени над областите Октјабр и Курчатов, додека на социјалните мрежи жителите пријавиле и експлозија на небото над градот Курск, јави рускиот сервис на Радио Слободна Европа.
Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета.
Видете и ова: Оштетена електрана во Русија откако Украина лансираше десетици дроновиУкраина не ги коментираше тврдењата на рускиот функционер.
Од друга страна, руските војници ја гранатираа Чернобаевка во јужниот украински регион Херсон, при што е повредено едно лице, соопшти регионалната воена администрација на каналот Телеграм.