Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја.
Според главниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал.
„Целта беше да се измешаат вистинските извештаи. Го лоциравме и идентификувавме главниот водач -Лестер Толедо“, изјави Сааб.
Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, најави кривична истрага и против лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, обвинувајќи ја дека со уште две лица координирала компјутерски напад врз ЦНЕ (Национален изборен совет) од Македонија за време на претседателските избори во земјата.
„Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија“, се вели од Обвинителството.
Видете и ова: Мадуро: Мојата победа е триумф на мирот и стабилностаПо гласањето во неделата, Изборната комисија прогласи победа на авторитарниот претседател Никола Мадуро со 51,2% од гласовите. Опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес, според Изборната комисија, добил 44,2% од гласовите.
Видете и ова: Вашингтон „сериозно загрижен“ за изборните резултати во ВенецуелаОпозицијата не ги признава резултатите и ја обвинува власта за изборна измама. Сомневања во официјалните резултати изразија и САД и низа латиноамерикански држави. Според истражувањата на јавното мислење пред изборите се предвидуваше јасна победа на опозицијата.