Соединетите Држави најавија два пакета помош за Украина во вредност од 1,7 милијарди долари.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека пакетот на претседателот, вреден до 200 милиони долари, ќе вклучува противвоздушни пресретнувачи, муниција ХИМАРС (HIMARS), артилериски и минофрлачки гранати и проектили Џавелин (Javelin) и други противтенковски проектили.
Американското Министерство за одбрана, исто така, најави средства од Иницијативата за безбедност и помош од 1,5 милијарди долари.
„Ресурсите ќе ја зајакнат воздушната одбрана на Украина преку способноста за лансирање ракети со долг дострел и противтенковско оружје, како и опрема за одржување на претходните донации на САД“, рече Кирби.
Видете и ова: ЕУ и префрли на Украина 1,5 милијарди евра од замрзнатите руски средстваСпоред извештајот на Истражувачкиот центар Пју од 29 јули, повеќе од половина Американци се загрижени за продолжувањето на руската инвазија на Украина и трошоците поврзани со обезбедувањето помош.
И покрај двопартиската поддршка за помош на Украина во Конгресот, американската јавност е поделена во однос на нивото на поддршка што Вашингтон треба да ја обезбеди.
Центарот објави дека иако 48 отсто од Американците веруваат дека Соединетите Држави имаат одговорност да и помогнат на Украина, 49 отсто не се согласуваат со тоа.
И покрај неодамнешните кампањи за зголемување на поддршката за Украина меѓу републиканците во Конгресот, истражувачкиот центар Пју известува дека речиси половина од републиканците веруваат дека Вашингтон дава премногу помош за Украина. Само 19 отсто од Американците мислат дека Соединетите Држави не даваат доволно поддршка.
Видете и ова: Поради грешка во пресметките, Пентагон испраќа уште 2 милијарди долари за УкраинаДодека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп тврди дека ќе стави крај на руската инвазија на Украина во рок од 24 часа доколку биде избран, само 34 отсто од Американците велат дека војната претставува „голема закана“ за американските интереси, се вели во извештајот.
Исто така, Истражувачкиот центар откри дека демократите почесто од републиканците изразуваат загриженост дека Русија ќе ја завземе Украина и ќе ги нападне другите земји во Европа.
Според анализата на центарот пак, и покрај противењето на помошта, постои „широка јавна поддршка за одржување на строги економски санкции“ кон Русија.