Пратеникот Антонио Милошоски објави на социјалната мрежа Фејсбук дека веќе е во Тајван и има средби со колегите парламентарци од Интерпарламентарната алијанса за Кина.
„Самитот на ИПАК го искористив за средба со Борис Мијатовиќ, член на германскиот Бундестаг и изврстител за земјите од Западниот Балкан во пратеничката група на Зелените BÜNDNIS 90/DIE GRÜNEN ; имавме корисен разговор за билатералните односи и за евроинтеграциите на регионот“, напиша Милошоски на ФБ.
Претходно во извештај на Асошиејтед прес објави дека законодавци од најмалку шест земји меѓу кои и Северна Македонија тврделе дека кинески дипломати вршат притисок врз нив да не присуствуваат на Самитот фокусиран на Кина во Тајван, во, како што велат, напорите да се изолира самоуправуваниот остров.
Меѓу пратениците од Северна Македонија кои се делегати на годишниот самит на Интерпарламентарната алијанса за Кина (ИПАК), македонски претставник освен Антонио Милошоски е и пратеникот од опозициската партија СДСМ, Фатмир Битиќи. Двајцата, отпатуваа за Тајван. Потврдија дека биле контактирани од кинеската амбасада и лично и преку партиите.
АП разговараше со тројца пратеници и ги разгледа текстовите и електронската пошта испратени од кинески дипломати во кои се прашуваат дали планираат да учествуваат на Самитот.
Видете и ова: Пратеници од 6 земји под „кинески притисок“ да не одат во Тајван„Јас сум Ву, од кинеската амбасада. Слушнавме дека добивте покана од ИПАК , дали ќе присуствувате на Конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван?“, гласи пораката испратена до Антонијо Милошоски, пратеник во Северна Македонија.
Политичарите во Боливија, Колумбија, Словачка, Северна Македонија, Босна и уште една азиска земја која одби да биде именувана, велат дека добиваат пораки, повици и итни барања за состаноци кои би биле во спротивност со нивните планови да патуваат во Тајпеј, главниот град на островот.
Кина жестоко ги брани своите претензии кон Тајван и го гледа како своја територија што треба да биде припоена со сила доколку е потребно.
Самитот започнува во понеделник и го одржува Интерпарламентарната алијанса за Кина, или ИПАК (IPAC), група од стотици пратеници од 35 земји загрижени за тоа како демократиите му пристапуваат на Пекинг. ИПАК долго време се соочуваше со притисок од кинеската влада: некои членови беа санкционирани од Пекинг, а во 2021 година групата беше цел на хакери спонзорирани од Кина, според обвинението на САД објавено претходно оваа година.