Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој според изборната комисија победи на вчерашните претседателски избори во земјата, денеска објави дека неговиот реизбор е триумф на мирот и стабилноста.
Изборната комисија ги објави првите резултати само шест часа по затворањето на гласачките места, а Мадуро рече дека пребројувањето на гласовите и објавувањето на резултатите доцни поради скибер напад, пренесе Ел Паис.
„Знаеме од каде дојде хакерскиот напад, тие оставија траги“, рече Мадуро.
Тој, исто така, го повтори своето тврдење во кампањата дека изборниот систем на Венецуела е транспарентен.
Мадуро објасни дека неговата победа претставува „почит кон суверениот живот на Венецуела и волјата на народот“.
Додека бројни земји од целиот свет и Јужна Америка ги повикаа венецуелските власти транспарентно да ги покажат резултатите од гласањето, изразувајќи сомнеж за веродостојноста на официјалните резултати, на Мадуро му честитаа, меѓу другите, Кина, Русија и Куба.
Видете и ова: Вашингтон „сериозно загрижен“ за изборните резултати во ВенецуелаИзборната комисија соопшти дека Мадуро освои трет мандат на изборите во неделата со 51 отсто од гласовите, и покрај тоа што повеќекратните излезни анкети укажуваат на победа на опозицијата. Според тие резултати, Гонзалес освоил 44 отсто од гласовите.
Опозициската коалиција во Венецуела во понеделникот објави дека Гонзалес освоил 70 отсто од гласовите.
„Сакаме да и кажеме на цела Венецуела и на светот дека Венецуела има нов претседател, а тоа е Едмундо Гонзалес Урутија“, изјави лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо за новинарите, додавајќи: „Победивме“.
Видете и ова: Претседателски избори во Венецуела, дуел помеѓу Мадуро и ГонзалесГонзалес рече дека не ги повикува поддржувачите да излезат на улица или да вршат акти на насилство.
Излезната анкета на Едисон Рисрч, познат по анкетите на изборите во САД, предвиде дека Гонзалес ќе освои 65 отсто од гласовите, а Мадуро 31 отсто.
Локалната компанија Меганалисис предвиде 65 отсто од гласовите за Гонзалес и нешто помалку од 14 отсто за Мадуро.