Стармер повика на „итни чекори“ за прекин на огнот во Газа

Британскиот премиер Кир Стармер

Британскиот премиер Кир Стармер нагласил пред израелскиот претседател Јицак Херцог дека се потребни „итни чекори“ за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација.

„Премиерот рече дека мора да има итни чекори кон прекин на огнот за да може заложниците да бидат ослободени и да се достави повеќе хуманитарна помош до оние на кои итно им е потребна“, се вели во соопштението од кабинетот на Стармер.

Во соопштението се доава дека премиерот ја повторил својата континуирана поддршка за правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

Видете и ова: Дванаесет лица загинаа во напад на Голанската висорамнина, Израел одговори со напад на Хезболах

Стармер имаше средба со Херцог во Париз, каде што и двајцата присуствуваа на Олимпијадата.

Британскиот премиер исо така истакна дека Израел и Хамас не се морално еднакви.

Во меѓувреме вчера (28 јули) израелските трупи, поддржани од воздушни напади, се бореа со групи палестински борци околу градот Кан Јунис во јужна Газа, продолжувајќи ја еднонеделната операција за која Израел вели дека има за цел да ја исчисти областа од милитантите на Хамас.

Хамас сака договор за прекин на огнот за да се стави крај на војната во Газа, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека ќе го прекине конфликтот само кога Хамас ќе биде поразен.

Повеќе од 39 000 Палестинци се убиени во израелската офанзива во Појасот Газа, според локалните здравствени власти контролирани од Хамас.

Израел, кој изгуби околу 330 војници во борбите во Газа, проценува дека борците сочинуваат околу една третина од убиените Палестинци откако започна офанзива како одговор на нападот на Хамас во јужен Израел во октомври, во кој загинаа околу 1200 луѓе, а 250 беа земени како заложници.