Вашингтон „сериозно загрижен“ за изборните резултати во Венецуела

илустрација

Вашингтон e „сериознo загрижен“ дека резултатите од изборите во Венецуела со кои претседателот Николас Мадуро е прогласен за победник не се точни, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Сериозно сме загрижени дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласањето на венецуелскиот народ“, рече Блинкен кој е во посета на Јапонија.

Изборниот совет го прогласи денеска Николас Мадуро за победник на претседателските избори во Венецуела со 51,2 отсто од гласовите и со тоа доби нов шестгодишен мандат.

Видете и ова: Претседателски избори во Венецуела, дуел помеѓу Мадуро и Гонзалес

Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети.