Полицијата ќе го проверува работењето на Државна лотарија откако во јавноста излегоа информации дека незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата.
„Оформен е предмет и започната е постапка за проверка на информациите за незаконско издавање на лиценци за приредување игри на среќа од страна на „Лотарија на Македонија“, потврдија за МИА од МВР.
Работењето на Лотарија ќе се проверува, откако претходно по барање на Министерството за финансии Владата одзеде лиценци на две фирми за приредување игри на среќа, едната од Струмица и едната од Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека станува збор за фирми кои работеле незаконски и не плаќале данок.
Според него, имало претходни високи функционери од Владата кои и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот.
Видете и ова: Коцката е фрлена за онлајн фирмите на Државна лотаријаОд позиција на опозиција, пред изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го обвинуваа тогашниот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби дека со негов потпис на владина седница се отворени незаконски трите нови компании и дека тој има за цел да го преземе бизнисот со казина во Северна Македонија. Поранешниот вицепремиер тврдеше дека со оваа одлука се врши демонополизација на пазарот.
За сомнежите за незаконско работење на акционерското друштво кое ги отвори Радио Слободна Европа преку серија истражувања, постапки отворија Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Пртеходно истражувањата на РСЕ открија дека тендерите во Државна лотарија ги добиваат семејно поврзани компании со тетовската „Арбериа Дизајн“ и скопската „Арс Ламина“.
РСЕ откри дека и Државната лотарија закупи деловен простор за сума од 2,6 милиони евра на лицето Армин Машовиќ кое се поврзуваше со семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Видете и ова: Мицкоски: Лотарија без лиценца издавала лиценци за игри на среќаВработениот во Министерство за политички систем на Артан Груби од ДУИ, Шабан Амзовски паралелно членуваше во Управниот обор на Државна лотарија, а воедно беше и сопственик на сајтот на фирмата „Хеј ДООЕЛ“ која го изнајмува просторот.
Набрзо, сопственоста премина во рацете на Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.