Пожар кај Македонски Брод со крак кон Белица и „Јасен“, гори борова шума

Илустрација

Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола, соопшти ЦУК.

Активен е пожарот во Македонски Брод кај село Тажево, крак кон Белица и кон „Јасен“, каде гори борова шума, како и пожарот на планината Серта на територија на Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали и Цршка кон Криволак каде е зафатена ниска вегетација.

„Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од четири пожарникари на ТППЕ, осум вработени од „Јасен“, и еден од ЕЛС, каде што гори борова шума и на планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон село Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација, наведува ЦУК.

Видете и ова: Немаме пари за да гасиме пожари

Под контрола е ставен пожарот кај Демир Хисар на Илинска Планина, меѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе со кој била зафатена ниска вегетација.

Претходно од дирекцијата известија дека изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во неколку општини на територијата на Северна Македонија.