Одредени возови во Франција беа прекинати во саботата наутро, еден ден по „злонамерните дејствија“ со цел да се парализира мрежата на брзи возови пред церемонијата на отворање на Олимписките игри.
Бидејќи ова е еден од најпрометните викенди во Франција поради почетокот на Олимписките игри, француските железници (SNCF) соопштија дека околу една четвртина од возовите ќе бидат откажани во сабота и недела на линиите цел на вандализмот. Возовите што сообраќаат ќе имаат доцнења, пренесе АФП.
Еуростар соопшти дека очекува да откаже околу една петтина од меѓународните возови во текот на викендот и дека сите услуги ќе имаат одредено доцнење.
Видете и ова: Запален Олимпискиот оган во ПаризФранцуските железници објавија дека ќе биде обезбеден превоз за олимписките спортисти и нивниот персонал Француската железничка мрежа SCNF беше цел на неколку вандалски чинови во текот на ноќта помеѓу четвртокот и петокот долж линиите на брзиот воз на Атлантикот, северниот и источниот дел.
„Пожарот беше намерно подметнат со цел да се оштетат нашите инсталации“, се вели во соопштението на SCNF.
Компанијата соопшти дека илјадници вработени работат на поправка на штетата и се обидуваат да ги вратат услугите во функција. Се проценува дека во петокот биле погодени околу 250.000 патници.
Министерот за транспорт Патрис Вергрит рече дека 800.000 луѓе би можеле да се соочат со последиците од овој инцидент во текот на три дена.